На оваа веб страница можете да ја истражувате првата интерактивна карта на криминалот на Македонија. Во позадина системот чита податоци за настаните од
дневните е-билтени
објавувани на официјалната веб страница на Министерството за внатрешни работи, кои се напишани во природен јазик, потоа ги анализира и ги кодира на карта од
Google Maps.
Настаните може да ги филтрирате по градот во кој се случиле, видот на настанот, датумот на случување, а и по тоа кој ден во неделата се случиле. Можете да направите и подмножества со комбинации од овие параметри.
Билтените од МВР се објавуваат секојдневно и прикажуваат дел од случените настани за претходниот ден почнувајќи од 21.06.2011 па се до денес. Така што, овој систем не е целосно комплетна карта на криминалот, но прикажува статистички вредни информации. Освен за анализа на криминалните шаблони, оваа карта може да послужи и како превентивно средство за намалување и спречување на криминалот во државата.
Податоците се веќе јавно достапни на веб страницата на МВР, сепак ве потсетуваме дека било каква нивна злоупотреба претставува криминално дело самото по себе. Приватноста на граѓаните е загарантирана со тоа што настаните не се прикажани на точната локација на случување, туку на средина на улицата или на средина на селото. Дополнително картата е прикажана и во вид на топлотна карта каде што настаните се разгледуваат како група.
Системот е базиран на идејата за слободни податоци (open data) и затоа ја споделува целата база со сите податоци во неколку формати.