Crime Map of Macedonia
Now an open source project.
Contribute!
Home
|
All
|
Filter
|
Data
|
Contact
|
About
sq
en
mk
Crime Map of Macedonia
Please select an item
The error was successfully reported. Thank you:)
Download all the data
xml
Showing up to 30 items from page:
|<<
<
2083
2084
2085
2086
2087
2088
2089
2090
2091
2092
>
>>|
description:
Report
id
type
city
address
date(pub.)
date
lat
lng
description
Delete forever?
Change the values
type:
weapons
violence
theft
documents
drugs
traffic
other
city:
Berovo
Bitola
Bogdanci
Valandovo
Veles
Vinica
Gevgelija
Gostivar
Debar
Delchevo
Demir Kapija
Demir Hisar
Kavadarci
Kichevo
Kochani
Kratovo
Kriva Palanka
Krushevo
Kumanovo
Makedonski Brod
Makedonska Kamenica
Ohrid
Pehchevo
Prilep
Probishtip
Radovish
Resen
Sveti Nikole
Skopje
Struga
Strumica
Tetovo
Shtip
address:
date(pub.):
date:
Precise lat/lng
lat:
lng:
description:
62731
theft
2
Skopje
с.Волково
10/06/2025
09/06/2025
42.0396528
21.3478586
На 09.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(36), Н.Г.(26), двајцата од Скопје и В.Н.(25) од с.Волково, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја и два ножеви. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.З.(29) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.02.2025 во Гостивар, откако бил забележан од полициски службеници, пријавениот фрлил ќеса со марихуана, која била пронајдена и одземена. Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Битола при Регионален центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против П.М.(54) од с.Штрбово, ресенско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,незаконит риболов”. На 31.03.2025 кај с.Штрбово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Маркова нога“ го затекнале пријавениот како со чамец и рибарски мрежи незаконски и без дозвола ловел риба во Преспанското езеро. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Ф.И.(44) со престој во Берово и Е.А.(24) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 18.05.2025 во дворно место од семејна куќа во Берово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.И., Е.А., Н.А. и М.Д., при што Ф.И. и Е.А. се обиделе да употребат остри предмети. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Д.М.(44) и Н.К.(40), двајцата од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 04.05.2025 во соблекувална на Градскиот стадион во Виница, пред започнување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Слога“ од Виница и ОФК „Карбинци“, пријавените физички го нападнале М.Д., фудбалер на екипата на ОФК „Карбинци“. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Д.П.(40) од с.Блатец, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста”. На 19.03.2025 во двор на основно училиште во с.Блатец, пријавениот упатувал закани по живот на директорката на училиштето и на нејзиното семејство. На 09.06.2025 околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорѓи Капчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(32) од Скопје и мотоцикл скопски регистарски ознаки, управуван од Х.В.(18) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје. На 09.06.2025 околу 16.00 часот во СВР Тетово било пријвено дека на ул.„194“ во Тетово, трактор со тетовски регистарски ознаки, управуван од Џ.Ш.(49) од Тетово, изгубил контрола и се превртел. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово. Денеска (10.06.2025) во 01.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.М.(22) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 09.06.2025 околу 20.45 часот на подрачјето на Центар, тој со уште неколку лица физички го нападнале З.И.(48) од Скопје. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 08.06.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје, 24-годишна жена од скопско село пријавила дека околу 14.00 часот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Б.М.(33). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 09.06.2025 во 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Ново Село, скопско, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.В.(35) и Ј.В.(37) од една страна и З.Т.(48) од друга страна, сите од с.Ново Село. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 09.06.2025 во 19.30 часот во СВР Скопје, К.Р.(41) од Скопје пријавил дека околу 18.30 часот на паркинг простор на подрачјето на Центар бил физички нападнат од В.Д.(45) од Тетово. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 09.06.2025 во 19.50 часот во СВР Скопје, П.К.(46) од Скопје пријавил дека околу 19.30 часот во продажен објект на подрачјето на Драчево бил физички нападнат од С.Д., кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 09.06.2025 околу 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.И.(26) и Д.П.(42), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 09.06.2025 во 18.20 часот во СВР Скопје, С.И.(44) од Скопје пријавил дека околу 17.45 часот на подрачјето на Шуто Оризари, неговата 16-годишна ќерка била физички нападната од 36-годишната Е.Х. и Р.Ш.(19), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 09.06.2025 во СВР Скопје, В.С.(73) и Љ.Г.(66), двајцата од Скопје, пријавиле дека во периодот од 01.02.2025 до 09.06.2025 од две различни гробни места на Градските гробишта Бутел, со употреба на физичка сила и погоден алат биле одземени две бисти со лик на починати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 09.06.2025 во 07.46 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.С.(42) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 09.06.2025 околу 19.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во хотел на подрачјето на Центар во Скопје била пронајдена почината 24-годишната Г.Ј. од Охрид, вработена во казиното. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција. Денеска (10.06.2025) во 03.30 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник К.П.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
62732
drugs
4
Skopje
с. Врапчиште
11/06/2025
26/03/2025
41.9981294
21.4254355
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.03.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и МДМА таблети. СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(43) од с. Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.01.2025 на Граничен премин Табановце, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле метамфетамин. СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Ј.Б.(20) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 01.06.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал пријавениот, при што кај кого биле пронајдени и одземени куршуми калибар 7,62 мм. СВР Велес поднесе кривична пријава против Х.Џ.(44) од Скопје и Л.М.(57) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.02.2025 во Велес, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „сеат леон“, во кое сопатник бил првопријавениот. Притоа, Х.Џ. фрлил хероин, кој претходно го набавил од второпријавениот, а кој бил пронајден од полициски службеници. . Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против А.Б.(48) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”. На 02.06.2025 во Дебар, поради нерасчистени должничко -доверителски односи, пријавениот упатил закани на Ќ.П.(69) од Дебар. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.Б.(35), Д.Б.(33), М.Б.(30), Е.Б.(51), А.Б.(32), А.С.(42) и Н.С.(20), сите од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 21.04.2025 во Гостивар, по претходна расправија, пријавените го нерушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што употребиле и тврди предмети. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Џ.(43) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во февруари 2024 година, во механичарска работилница на пријавениот во Гостивар, 46-годишник од гостиварско однел на поправка патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, кој пак го проследил на механичар во Тетово. Сумата за поправка од 1.800 евра му била исплатена на Б.Џ., но тој не ја дал на механичарот од Тетово. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Ј.(23) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 19.08.2024, преку социјална мрежа, пријавената контактирала со 42-годишна жена од Гостивар и лажно се претставила како агент за издавање на апартмани за летување во Република Грција, при што ѝ побарала износ од 17.250 денари за седум ноќевања, кои оштетената ѝ ги уплатила на сметка без договор за закуп, а летувањето не го реализирала. На 10/11.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Л.Љ.(21), А.М.(20), Е.Е.(28), А.П.(38), еден 17-годишник сите од Скопје и Х.А.(22) од Тетово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. На 10.06.2025 во 13.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Н.(37) од с.Лојане, општина Липково. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 10.06.2025 во 12.45 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека во Национален парк „Галичица“ биле пронајдени и од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување биле подигнати една неексплодирана граната калибар 75мм и една неексплодирана рачна бомба кои потекнувале од Првата светска војна. На 10.06.2025 во 22.00 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.С.(26) од Косово затоа што при гранична проверка било констатирано дека патничкото возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, евидирало во оперативна евиденција по барање на Интерпол со активна мерка „украдено возило“. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка. На 10.06.2025 околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Васил Ѓоргов“ во Скопје, 62-годишната В.Ц., управувајќи велосипед, изгубила контрола и со велосипедот паднала на коловозот. Во несреќата, велосипедистката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Денеска (11.06.2025) во 01.40 часот во СВР Скопје, Б.А.(38) од Скопје пријавил дека на 10.06.2025 околу 22.50 часот на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, кои ги познавал, од кои едниот од нив употребил остар предмет и му нанел повреда. Според пријавеното, подоцна малолетниците им упатувале закани на двајцата, при што истиот малолетник нанел повреда со остар предмет и на Б.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Д.М. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот Д.М., во текот на март 2023 година како документарист во Полициската станица Тетово изготвил службен акт - Известување адресирано до адвокат со невистинита содржина, кој не евидирал како таков во ниту една службена евиденција на СВР Тетово, го злоупотребил потписот од раководителот на полициската станица, регистарскиот број на актот и процедурите за примање, постапување и достава на службен акт во постапка за проверка на достапност. Таквиот акт со невистинита содржина бил употребен во оставинска постапка каде бил евидентиран како доказен материјал на штета физички лица и правно лице од Кичево. На 10.06.2025 во 14.30 часот во СВР Скопје, 88-годишна жена од Скопје пријавила дека истиот ден била измамена од едно лице за сума од околу 232.000 денари. Според пријавеното, машко лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во странска земја во која прегазила дете и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, тие се договориле, по што таа му ги дала парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Денеска (11.06.2025) во 02.15 часот во СВР Струмица, А.П.Д.(42) од Струмица пријавил дека околу 01.00 часот во Струмица, неговата малолетна ќеркабила физички нападната од едно машко лице, кое ѝ ја одзело чантата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 10.06.2025 во 13.15 часот во СВР Штип, Б.Л.(74) од Штип пријавил дека околу 12.00 часот во Штип, едно машко лице со употреба на физилка сила од неговата малолетна ќерка одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 10.06.2025 во 13.30 часот во СВР Скопје, С.В.(42) од Скопје пријавил дека на 04.06.2025 околу 12.00 часот во двор на приватно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца други ученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 10.06.2025 во 14.40 часот во СВР Скопје, Г.Т.(63) од Скопје пријавил дека во периодот од јануари 2025 до 10.06.2025 од гробно место на Градските гробишта Бутел со употреба на физичка сила и погоден алат била одземена една бронзена биста. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 10.06.2025 во 23.00 часот во СВР Скопје, М.Д.(28) од Скопје пријавил дека при извршување работни задачи за Итна медицинска помош, во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил физички нападнат од С.С.(64) од Скопје, кој бил придружба на друго лице пациент. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 10.06.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје, З.Т.(54) од Скопје пријавил дека околу 15.00 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од А.С.(43), А.С.(21), двајцата од Скопје и уште неколку други лица. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. Во СВР Скопје, 60-годишна жена пријавила дека на 08.06.2025 во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзиниот син С.И.(40) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 10.06.2025 во 05.05 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека нивниот штитеник К.П.(17) се вратил во установата, за кој претходно беше пријавено дека се оддалечил од установата. На 10.06.2025 во 12.00 часот во Полициската станица Крушево, М.Р.(46) од с.Норово, крушевско, пријавил дека неговата ќерка С.Р. (15) од с.Норово, се оддалечила од семејниот дом и заминала во домот на С.А.(19) од с.Пресил, за што бил известен од неговиот татко С.А. од с.Пресил. Според пријавеното, набргу потоа тие заминале од домот со патничко возило. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
Report
Showing up to 30 items from page:
|<<
<
2083
2084
2085
2086
2087
2088
2089
2090
2091
2092
>
>>|
© Copyright 2012 - 2025 Damjan Temelkovski
GNU GPL