Карта на криминалот на Македонија
Сега кодот е отворен за сите. Придонеси!
Дома | Сите | Филтрирај | Податоци | Контакт | За нас sq en mk
Карта на криминалот на Македонија
Прикажани се настани за последните 30 дена
Топлинска карта
znak
оружје
znak
насилство
znak
кражба
znak
документи
znak
дрога
znak
сообраќај
znak
друго
Случаен настан
Притисни на копчето за да видиш нов случаен настан од прикажаните на картата.

Притисни на описот на настанот за да го видиш на картата.
Детали за системот
Системот се состои од два дела:
1) анализа на множеството настани и полнење на база на податоци
2) приказ на податоците од базата на географска карта.

Податоците за настаните се читаат автоматски од веб страницата на МВР поточно днвените е-билтени. Овие настани се објавени во неструктурирана форма и во природен јазик, па првиот дел од системот го анализира секој настан и го запишува во структурирана форма во база на податоци. Секој настан се анализира збор по збор сѐ до првото совпаѓање со некој клучен збор, при што системот може да донесе погрешен заклучок ако во текстот се појавува некој друг град пред градот на случување на настанот и слично. Затоа доколку забележите ваква грешка ве молам пријавете ја со притискање на знакот на картата, преку страницата што ги прикажува податоците или пополнувајќи го контакт формуларот. Исто така, поради лошиот начин на објавување на дневните е-билтени, настаните од некои денови може да се пропуштени. Ако забележите некој настан да постои во е-билтените, а не на оваа карта, ве молам пријавете го. Локацијата на настанот на картата не е секогаш точната локација на случувањето, туку најчесто улицата која е објавена за настанот од страна на МВР.

Во базата на податоци се чуваат информации за локацијата и видот на секој настан. Целата база може да ја преземете од страницата што ги прикажува податоците во неколку формати и слободно да ги користите. Вториот дел од системот ги прикажува овие настани на географска карта. Поради евентуални недоразбирања околу приватноста, картата може да се разгледува како карта со знаци или топлинска карта. Првичниот приказ ги прикажува настаните од последните 30 денови, а може да се видат сите настани или тие да се филтрираат по разни основи, како на пример градот, видот на настанот и слично.

Системот се заснова на идејата за слободни податоци и затоа целото множество на податоци за настаните е слободно достапно и сите идеји и совети се добредојдени. Серверскиот дел на системот е изработен во PHP, за приказ на настаните на географската карта се користи JavaScript (и jQuery), а базата е mySQL.
Дамјан Темелковски, 2012