Карта на криминалот на Македонија
Сега кодот е отворен за сите.
Придонеси!
Дома
|
Сите
|
Филтрирај
|
Податоци
|
Контакт
|
За нас
sq
en
mk
Карта на криминалот на Македонија
Ве молиме селектирајте ставка
Грешката беше успешно пријавена. Ви благодариме:)
Симнете ги сите податоци
xml
Прикажани се до 30 ставки од стр:
|<<
<
2083
2084
2085
2086
2087
2088
2089
2090
2091
2092
>
>>|
опис:
Пријави
id
вид
град
адреса
датум(обј.)
датум
г. шир.
г. дол.
опис
Избриши засекогаш?
Сменете ги вредностите
вид:
оружје
насилство
кражба
документи
дрога
сообраќај
друго
град:
Берово
Битола
Богданци
Валандово
Велес
Виница
Гевгелија
Гостивар
Дебар
Делчево
Демир Капија
Демир Хисар
Кавадарци
Кичево
Кочани
Кратово
Крива Паланка
Крушево
Куманово
Македонски Брод
Македонска Каменица
Охрид
Пехчево
Прилеп
Пробиштип
Радовиш
Ресен
Свети Николе
Скопје
Струга
Струмица
Тетово
Штип
адреса:
датум(обј.):
датум:
Точни г.шир/г.дол.
г. шир.:
г. дол.:
опис:
62731
кражба
2
Скопје
с.Волково
10.06.2025
09.06.2025
42.0396528
21.3478586
На 09.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(36), Н.Г.(26), двајцата од Скопје и В.Н.(25) од с.Волково, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја и два ножеви. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.З.(29) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.02.2025 во Гостивар, откако бил забележан од полициски службеници, пријавениот фрлил ќеса со марихуана, која била пронајдена и одземена. Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Битола при Регионален центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против П.М.(54) од с.Штрбово, ресенско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,незаконит риболов”. На 31.03.2025 кај с.Штрбово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Маркова нога“ го затекнале пријавениот како со чамец и рибарски мрежи незаконски и без дозвола ловел риба во Преспанското езеро. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Ф.И.(44) со престој во Берово и Е.А.(24) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 18.05.2025 во дворно место од семејна куќа во Берово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.И., Е.А., Н.А. и М.Д., при што Ф.И. и Е.А. се обиделе да употребат остри предмети. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Д.М.(44) и Н.К.(40), двајцата од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 04.05.2025 во соблекувална на Градскиот стадион во Виница, пред започнување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Слога“ од Виница и ОФК „Карбинци“, пријавените физички го нападнале М.Д., фудбалер на екипата на ОФК „Карбинци“. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Д.П.(40) од с.Блатец, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста”. На 19.03.2025 во двор на основно училиште во с.Блатец, пријавениот упатувал закани по живот на директорката на училиштето и на нејзиното семејство. На 09.06.2025 околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорѓи Капчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(32) од Скопје и мотоцикл скопски регистарски ознаки, управуван од Х.В.(18) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје. На 09.06.2025 околу 16.00 часот во СВР Тетово било пријвено дека на ул.„194“ во Тетово, трактор со тетовски регистарски ознаки, управуван од Џ.Ш.(49) од Тетово, изгубил контрола и се превртел. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово. Денеска (10.06.2025) во 01.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.М.(22) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 09.06.2025 околу 20.45 часот на подрачјето на Центар, тој со уште неколку лица физички го нападнале З.И.(48) од Скопје. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 08.06.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје, 24-годишна жена од скопско село пријавила дека околу 14.00 часот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Б.М.(33). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 09.06.2025 во 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Ново Село, скопско, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.В.(35) и Ј.В.(37) од една страна и З.Т.(48) од друга страна, сите од с.Ново Село. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 09.06.2025 во 19.30 часот во СВР Скопје, К.Р.(41) од Скопје пријавил дека околу 18.30 часот на паркинг простор на подрачјето на Центар бил физички нападнат од В.Д.(45) од Тетово. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 09.06.2025 во 19.50 часот во СВР Скопје, П.К.(46) од Скопје пријавил дека околу 19.30 часот во продажен објект на подрачјето на Драчево бил физички нападнат од С.Д., кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 09.06.2025 околу 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.И.(26) и Д.П.(42), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 09.06.2025 во 18.20 часот во СВР Скопје, С.И.(44) од Скопје пријавил дека околу 17.45 часот на подрачјето на Шуто Оризари, неговата 16-годишна ќерка била физички нападната од 36-годишната Е.Х. и Р.Ш.(19), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 09.06.2025 во СВР Скопје, В.С.(73) и Љ.Г.(66), двајцата од Скопје, пријавиле дека во периодот од 01.02.2025 до 09.06.2025 од две различни гробни места на Градските гробишта Бутел, со употреба на физичка сила и погоден алат биле одземени две бисти со лик на починати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 09.06.2025 во 07.46 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.С.(42) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 09.06.2025 околу 19.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во хотел на подрачјето на Центар во Скопје била пронајдена почината 24-годишната Г.Ј. од Охрид, вработена во казиното. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција. Денеска (10.06.2025) во 03.30 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник К.П.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Пријави
Прикажани се до 30 ставки од стр:
|<<
<
2083
2084
2085
2086
2087
2088
2089
2090
2091
2092
>
>>|
© Copyright 2012 - 2025 Дамјан Темелковски
GNU GPL